July 17, 2025 | | Македонија
Велшкиот шампион ТНС (The New Saints) со сериозни обвинувања по натпреварот против Шкендија во Скопје. Од клубот тврдат дека нивниот напаѓач Арамајд Оте бил расистички навредуван од страна на домашен навивач, по завршувањето на натпреварот од првото квалификациско коло во Лигата на шампионите. Во официјално соопштение, ТНС изрази длабоко разочарување и остро го осуди инцидентот. „ТНС силно и недвосмислено го осудува расистичкото навредување упатено кон Арамајд Оте од страна на член на домашната публика. Апсолутно нема место за расизам – ниту во фудбалот ниту во општеството. Целосно стоиме зад нашиот фудбалер и го поддржуваме во овие тешки моменти.“ „Њу Сејнтс се горди поддржувачи на кампањата #NoToRacism на УЕФА и остануваат посветени на промовирање на еднаквост, почит и инклузија.“ Тренерот на ТНС, Крег Харисон, исто така излезе со лична реакција. „Тој беше во солзи – тоа не се случува без причина. Очигледно е дека било кажано нешто навредливо и неприфатливо. Ќе го пријавиме инцидентот. За еден навивач да се однесува така е апсолутен срам. Се надевам дека ќе има соодветна санкција.“ Инцидентот се случил веднаш по последниот свиреж, по елиминацијата на велшкиот клуб. Оте, роден во Лондон, бил видливо потресен по инцидентот.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 16, 2024 |