July 17, 2025 | | Свет
Петмина француски полицајци се наоѓаат под административна истрага, откако се откри дека добиле вкупно 180.300 евра од Килиан Мбапе, ѕвездата на француската репрезентација и еден од најпознатите фудбалери во светот. Како што пренесува влијателниот неделник „Ле Канар Аншене“, внатрешната контрола на полицијата започнала постапка откако се појавиле сомнежи дали исплатените средства биле донација или надомест за приватна заштита. Според тврдењата на Мбапе, станува збор за подарок од премијата добиена на Светското првенство во Катар, кој тој го поделил меѓу луѓето задолжени за неговата безбедност и неколку хуманитарни организации. „Се консултирав со мојот даночен советник и ми беше потврдено дека овој подарок не треба да се пријави во даночната управа“, се наведува во писмената изјава на фудбалерот. Мбапе, според извештаите, е подготвен целосно да соработува со властите. Но, француската служба за борба против перење пари изготвила документ во кој детално се наведува дека четворица полицајци добиле по 30.000 евра, додека нивниот претпоставен – дури 60.300 евра. Истрагата се фокусира особено на заповедникот, кој бил дел од личната придружба на Мбапе за време на негови приватни патувања во Камерун и Воклиз, што, според внатрешната контрола, претставува сериозно прекршување на етичките стандарди на јавната служба. Француските медиуми укажуваат дека случајот може да има и пошироки импликации ако се утврди дека полицајците давале услуги надвор од службените должности, а за тоа примале пари од јавни личности.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |