July 17, 2025 | | Свет
Според пишувањата на британскиот Тајмс, Манчестер Јунајтед ја разгледува можноста за ангажман на напаѓачот на Челси, Николас Џексон, како дел од својата летна реконструкција во офанзивната линија. И покрај тоа што Џексон не блескаше во дресот на „сините“, каде што минатата сезона во Премиер лигата постигна 10 голови и запиша 5 асистенции на 30 настапи, „црвените ѓаволи“ гледаат потенцијал во 23-годишниот Сенегалец. Фудбалерот често е цел на критики од навивачите на Челси поради нестабилната форма, но Јунајтед е подготвен да му понуди нов почеток – и тоа во редовите на еден од најголемите ривали на лондонскиот клуб. Проценетата вредност за евентуален трансфер се движи околу 50 милиони евра, а останува да се види дали ќе дојде до договор меѓу двата клуба во наредниот период.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |