Манчестер Јунајтед со нова понуда за Мбеумо, сега Брентфорд е на потег

July 17, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Манчестер Јунајтед со нова понуда за Мбеумо, сега Брентфорд е на потег

Манчестер Јунајтед го интензивира обидот за ангажман на камерунскиот напаѓач Брајан Мбеумо од Брентфорд. Како што објави реномираниот новинар Дејвид Орнстин од The Athletic, клубот од „Олд Трафорд“ испратил нова, трета понуда вредна вкупно 70 милиони фунти – 65 милиони како загарантирана сума и дополнителни 5 милиони во бонуси. Ваквиот чекор доаѓа откако претходните две понуди беа одбиени, но сега Манчестер Јунајтед е блиску до исполнување на барањата на Брентфорд, кои уште од почетокот ја поставија истата цена за својот првотимец. Мбеумо е идентификуван како топ цел за засилување на нападот на „црвените ѓаволи“, а неговиот трансфер би можел да се реализира наскоро, со оглед на тоа што одговорот од Брентфорд се очекува во следните денови. Овој развој на настаните доаѓа во период кога Брентфорд се соочува со интерес за уште еден свој напаѓач – Јоан Виса, кој е мета на Њукасл. Сепак, од клубот јасно ставија до знаење дека ова лето ќе продадат само еден од своите офанзивни адути – или Мбеумо, или Виса.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.