Јунајтед подготвен да плати поголема сума од клаузулата за да го донесе Мартинез

July 17, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Јунајтед подготвен да плати поголема сума од клаузулата за да го донесе Мартинез

Манчестер Јунајтед се вклучи во трка за нов голман и веќе започна преговори со Астон Вила за ангажман на аргентинскиот репрезентативец Емилијано Мартинез, пренесуваат медиумите од Аргентина. Според истите извори, во договорот на Мартинез со Вила постои откупна клаузула од само 25 милиони евра – износ кој не е проблем за „црвените ѓаволи“. Сепак, Јунајтед преферира да плати и нешто повеќе, но во неколку рати, со цел да ја растовари финансиската конструкција и да не го оптовари буџетот за летниот преоден рок. Разговорите се во тек, а ваквата стратегија би можела да им одговара и на „виланите“, кои би инкасирале поголема вкупна сума од откупната клаузула. Позицијата на Андре Онана е под сериозен знак прашалник поради многуте грешки во текот на минатата сезона, а ангажманот на светскиот шампион со Аргентина би требало да донесе сигурност меѓу стативите на Олд Трафорд. Мартинез беше клучен играч за Астон Вила изминативе сезони и се етаблираше како еден од најдобрите голмани во Премиер лигата. Сега, можно е да се пресели во еден од најголемите клубови на Островот и да добие нов предизвик во кариерата.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.