July 17, 2025 | | Свет
Меѓународната фудбалска организација (ИФАБ) разгледува сериозни реформи на ВАР-системот кои би можеле да стапат во сила од 1 јуни 2026 година, непосредно пред Светското првенство во САД, Канада и Мексико. Ова предвидува проширување на ВАР-интервенциите, односно проверка на контроверзни корнери, втори жолти картони, како и спорни пенали. Сега, ВАР не може да интервенира ако судијата погрешно досуди или не досуди корнер. Ова може да биде од клучно значење, бидејќи корнерите често водат до голови, а погрешни одлуки може да го нарушат текот на натпреварот. Исто така, ВАР не реагира и на жолти картони, но ИФАБ размислува да дозволи преглед при втор жолт, бидејќи води до црвен картон. Сепак, тука има контроверзи, бидејќи жолтите се често субјективни, а интервенцијата може да ја намали флуидноста на играта. Досега ВАР интервенираше само за очигледни грешки. Новиот предлог е да се овозможи подетална проверка на пенал ситуации, вклучително и контакт, положба, и интензитет – со цел да се донесе што поправична одлука. Во план е и нова регулација за пенали, односно, ако голманот одбрани пенал – акцијата веднаш завршува, без можност за доигрување. Овие предлози ќе се разгледуваат на работната сесија во ноември, а конечната одлука ќе се донесе во март 2026 година. Целта е зголемена прецизност, но и нови предизвици со зголемената улога на технологијата во фудбалот.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |