July 17, 2025 | | Македонија
Македонија Ѓорче Петров сериозно ја крои својата екипа за враќањето во Првата лига. Денеска „лавовите“ го претставија новиот адут во нападот – искусниот босански голгетер Мирсад Рамиќ. Рамиќ целата своја кариера ја поминал во Босна и Херцеговина, настапувајќи за неколку клубови, а последен пат беше дел од Игман Коњиц. Со неговото искуство, тимот добива стабилност во офанзивната линија, нешто што ќе биде клучно за борба во елитното друштво. Ова е веќе петто засилување за Македонија ЃП, по доаѓањата на Дарко Глишќ, Мартин Талаков, Мухамед Елмас и голманот Ристо Јанков. Пред неколку дена клубот ја привлече и вниманието со промоцијата на Французинот Сила, но според информации од клубот, се работи повеќе за маркетиншки потег отколку за реално засилување.
View this post on Instagram
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 16, 2024 |