Вардар со драма во Сан Марино до второто коло, Јанкулов со автогол во финишот

July 17, 2025 | Kristijan Trajchov | Македонија

Вардар со драма во Сан Марино до второто коло, Јанкулов со автогол во финишот

Вардар беше на чекор до нова победа против Ла Фиорита во реваншот од првото квалификациско коло во Конференциската лига, но автоголот на Јанкулов во судиското продолжение донесе реми (2-2). Сепак, со вкупни 5-2, „црвено-црните“ се пласираа во следната фаза каде ќе ги очекува швајцарскиот тим Лозана. И денешниот меч во Сан Марино започна безидејно за Вардар, па домаќините први дојдоа до водство по пенал во 10. минута. Мато израмни во 59. минута, а потоа следуваа неколку големи шанси за скопскиот тим. Во 85. минута Грандони си постигна автогол, но Вардар не издржа – Јанкулов несреќно си ја затресе сопствената мрежа во самиот финиш. Поддржани од голем број навивачи „Комити“, вардарци и покрај ремито, со сигурна предност од првиот меч одат чекор напред на европската сцена.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.