Ако Вардар ја помине Лозана, ќе се соочи со големи гиганти!

July 18, 2025 | Kristijan Trajchov | Македонија

Ако Вардар ја помине Лозана, ќе се соочи со големи гиганти!

Црвено-црните успешно ја минаа првата пречка во Европа за оваа сезона – Ла Фиорита е минато, а вардарци ја исполнија првата цел: пласман во второто квалификациско коло од Лигата на конференции. Но, патот кон европска слава сега станува многу посложен. Следен предизвик за најтрофејниот македонски клуб е Лозана, швајцарскиот претставник кој важи за голем фаворит во претстојниот двомеч. Сепак, со оглед на моменталната форма и менталитетот на Вардар, сензација не е невозможна – а ако таа се случи, вардарци веќе знаат што ги чека понатаму. Во евентуалното трето квалификациско коло, Вардар ќе биде во групата на неносители, а потенцијални ривали се сериозни имиња како АЗ Алкмар, Спарта Прага, Партизан, АЕК Атина, Хајдук Сплит... Ждрепката е закажана за понеделник, 21 јули, од 14 часот. Но, пред сите калкулации и евентуални соништа, најважното допрва следува – пресметката со Лозана, првиот натпревар на „Градски“ на 24 јули, а реваншот на 31 јули во Швајцарија. Вардар е подготвен, мотивиран и гладен за уште едно европско лето.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.