July 18, 2025 | | Свет
Сценарио што се повторува – шпекулации за мега трансфер на Винисиус Жуниор во Саудиска Арабија се појавија уште еднаш, токму во момент кога преговорите за нов договор со Реал Мадрид заглавија. Овојпат се зборува за рекордна понуда од 350 милиони евра, што повторно отвора дилеми – дали станува збор за реален интерес од Заливот, или за тактика на агентите на Бразилецот за да издејствуваат повисока плата, повисока дури и од онаа на Килијан Мбапе. „Кралевите“ наводно ја одбиле оваа желба на Вини, па шпекулациите со Саудиска Арабија доаѓаат како порачани. Случајност? Тешко е да се каже. Се чини дека секое „не“ од Мадрид активира сценарио со трансфер во Ријад. Дали Саудијците навистина демнат и се подготвени да интервенираат при секој конфликт во „кралската“ куќа? Или ова е само вешта игра на маса од луѓето околу Винисиус?
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |