July 18, 2025 | | Македонија
Струга Трим Лум доби свежо засилување во своите редови – и тоа директно од грчките терени. Кирјакос Мазулуксис, 28-годишен дефанзивец со сериозна фудбалска биографија, официјално стави потпис и ќе го облече дресот на „црвено-белите“ во претстојната сезона. Тој доаѓа од Паниониос, а претходно играше за клубови како Арис, Ламиа, Ерготелис и други, во прволигашката конкуренција на Грција. Со своето искуство и физичка подготвеност, се очекува да донесе стабилност и сигурност во дефанзивната линија на стружани. Покрај пазарот, Струга не мирува ниту на теренот – во рамки на подготовките, тимот ќе одмери сили со Лапи (Косово), Скендербеу (Албанија) и Охрид (Македонија), во обид да ја изгради идеалната форма за нови предизвици.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 16, 2024 |