July 18, 2025 | | Свет
Турскиот првак тргнува со амбициозен план за нова сезона и наметнување на европската сцена, а според странските медиуми, „лавовите“ се насочени кон две големи имиња од Манчестер Сити! Прва цел на Истанбулскиот гигант е бразилскиот чувар на мрежата, Едерсон. Искусниот голман наводно е подготвен за нов предизвик во кариерата и би ја прифатил преселбата во Турција, но бара годишна плата од 10 милиони евра – износ кој може да биде пречка. Манчестер Сити, пак, наводно би се задоволил со 20 милиони евра обештетување. Втората потенцијална „бомба“ е Мануел Аканџи. Галатасарај го следи швајцарскиот репрезентативец и сака да испита дали постои простор за договор, но клучно ќе биде дали дефанзивецот ќе се согласи на значително пониски примања од оние во Премиер лигата.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |