July 19, 2025 | | Свет
Виктор Ѓокереш нема да патува со Арсенал на азиската турнеја во Сингапур, бидејќи англискиот клуб сè уште не постигнал договор со Спортинг. Напаѓачот останува во Шведска, а лисабонскиот клуб го стави под дисциплинска мерка поради седумдневно неоправдано отсуство од подготовките во Лагос. Арсенал понуди 63,5 милиони евра + 10 милиони бонуси, a Спортинг бара 80 милиони евра без попусти. Агентот на Ѓокереш се откажал од провизија од 7 милиони евра, проблемот настана кај клаузулите и исплатата во рати. Иако Арсенал веќе го официјализираше трансферот на Нони Мадуеке, за Ѓокереш нема никакво движење од последната понуда испратена на 14 јули. Ако играчот отсуствува 10 дена, Спортинг може правно да го отпушти, но таков потег би ги оставил без обештетување – и токму затоа засега не се очекува радикален чекор.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |