Шокантен потег на Барселона: Контактирана ѕвездата на Реал Мадрид!

July 19, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Шокантен потег на Барселона: Контактирана ѕвездата на Реал Мадрид!

Фудбалска бомба се подготвува во Шпанија. Барселона сериозно размислува да го донесе Родриго од својот најголем ривал – Реал Мадрид. Иако трансферите меѓу овие два гиганти се речиси невозможни, овој летен преоден рок може да донесе историски пресврт. Откако новиот тренер на „кралевите“, Чаби Алонсо, му дал зелено светло за заминување, Родриго е ставен на трансфер-листата, а Барселона не губи време. Каталонците веќе воспоставиле контакт со агентот на бразилскиот офанзивец, со цел да ги испитаат условите за можен договор, пренесува UOLEsporte. Се шпекулира дека Реал ќе бара околу 100 милиони евра – висока цена за Барса, чиј буџет е далеку од идеален. Но, ако има политичка и спортска волја, ниту ваков сензационален трансфер не е невозможен. Ваквата информација не е потврдена од други светски медиуми, па времето ќе покаже дали навистина има нешто во ова.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.