July 19, 2025 | | Свет
Легендата на „топџиите“, Тјери Анри, верува дека Арсенал конечно е подготвен да го сруши проклетството и да ја освои титулата во Премиер лигата. Во интервју за подкастот „Men in Blazers“, славниот Французин испрати јасна и гласна порака: доста беше втори места – време е за злато! Иако неодамна го критикуваше клубот за пасивна трансфер политика и недостиг на победнички менталитет, Анри сега целосно застанува зад менаџерот Микел Артета. „Мислам дека Артета прави неверојатна работа. Не треба ни да се споменува смена. Време е да преминеме од 'добри' во 'одлични'. Време е за титула“, изјави Анри со самодоверба. Под водство на Артета, Арсенал инвестираше повеќе од 900 милиони фунти од 2019 наваму, а минатата сезона стигна до полуфинале во Лигата на шампионите – најголем успех во последната деценија.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |