Рашфорд не барал гаранции од Барселона за регистрација!

July 19, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Рашфорд не барал гаранции од Барселона за регистрација!

Маркус Рашфорд конечно ќе ја исполни својата голема желба – да го облече дресот на Барселона. Англискиот ас заминува од Манчестер Јунајтед на позајмица, а каталонскиот гигант прифатил да му ја покрие платата која ќе биде 10 милиони евра бруто, односно 5 нето. Сепак, иако договорот е формализиран, пред Барселона сега стои вистински предизвик – регистрацијата. Финансиските маки повторно се закануваат да расипат голем трансфер, бидејќи буџетските ограничувања од Ла Лига не дозволуваат лесно маневрирање. Фабрицио Романо открива дека Рашфорд не поставил услови – не барал гаранции, ниту осигурувања. Едноставно, желбата за нова околина била посилна од сè. За него, Олд Трафорд останува минато, а Камп Ноу – нова надеж.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.