July 20, 2025 | | Свет
Англискиот напаѓач направи големо отстапување за да се реализира позајмицата и да добие шанса во Барселона. Според бројни извори, Рашфорд прифатил драстично намалување на платата – речиси 50% помалку од тоа што го заработуваше во Манчестер јунајтед. Наместо досегашните 325.000 фунти неделно, во Барселона ќе добива околу 170.000 фунти, односно околу 10 милиони евра годишно бруто со бонуси. Зделката е договорена како позајмица со опција за целосен откуп на крајот од сезоната, а Барселона ќе ги покрива сите примања на играчот. Ова значи дека и Манчестер Јунајтед ќе профитира на краток рок, ослободувајќи значаен дел од буџетот за плати – нешто што може да се покаже како клучно во тековната реконструкција на тимот. Рашфорд, пак, јасно стави до знаење дека сака нова средина, а Каталонија му се чини како идеално место за рестарт во кариерата.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |