Познато зошто „српскиот Меси“ ја одбил понудата од ПСЖ

July 20, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Познато зошто „српскиот Меси“ ја одбил понудата од ПСЖ

Андрија Максимовиќ, големиот талент на Црвена звезда, кариерата ќе ја продолжи во РБ Лајпциг, иако понудата на ПСЖ звучеше поатрактивно на хартија. Младиот офанзивец ја одбра Бундеслигата и трансфер вреден околу 14 милиони евра. Максимовиќ има амо 18 години, но неговата зрелост се покажа во самиот избор на следниот чекор – наместо гламурот на Париз и неизвесна иднина по позајмици, ја избра фудбалската стабилност. Според српските и европските медиуми, ПСЖ планирал веднаш да го испрати во Брага на позајмица, што не ѝ се допаднало на неговата страна. Наспроти тоа, Лајпциг го уверил дека ќе биде дел од првиот тим, а новиот тренер Оле Вернер лично му ги претставил плановите за негова интеграција во тимот. Со ваков пристап, Лајпциг уште еднаш покажува дека е магнет за развој на млади фудбалери, а Максимовиќ го направи, можеби, најпаметниот потег во својата кариера досега.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.