July 21, 2025 | | Македонија
Македонскиот првак Шкендија денеска ги дозна можните противници за третото квалификациско коло во Лигата на шампиони, а задачата што стои пред тетовскиот клуб воопшто не е лесна.
Ако го елиминираат романскиот ФЦСБ во второто коло, следен предизвик ќе биде победникот од дуелот меѓу Шелбурн (Ирска) и Карабах (Азербејџан). Особено Карабах важи за искусен тим во европските натпреварувања, што значи Шкендија ќе мора да биде на врвот од своите можности ако сака да стигне до плејофот.
Првите натпревари од третото квалификациско коло ќе се играат на 5 и 6 август, додека реваншите се закажани за 12 август.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 16, 2024 |