Реал планира уште да пазарува, почнаа разговорите за ѕвездата на Ливерпул

July 21, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Реал планира уште да пазарува, почнаа разговорите за ѕвездата на Ливерпул

Реал Мадрид го вклучи турбото на трансфер-пазарот и тргна во сериозна офанзива за да ја зацврсти одбраната – а името кое сè почесто се спомнува е Ибрахим Конате. Францускиот репрезентативец од редовите на Ливерпул е топ-мета за новиот стратег Чаби Алонсо, кој инсистира на негов ангажман уште ова лето. Иако Конате има уште една година од актуелниот договор, Реал не сака да чека – клубот веќе воспоставил контакт со „црвените“ од Енфилд. Според францускиот „Л’Екип“, разговорите се во напредна фаза, а конечниот епилог може да се очекува во наредните денови. Се чини дека Алонсо не сака да губи време и гледа во Конате како долгорочно решение за центарот на одбраната. Мадриѓаните веќе со години бараат стабилност во дефанзивниот ред, а со оглед на искуството и физичката доминација на Конате, трансферот би можел да биде вистински потег.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.