Симонс заминува од Лајпциг, Челси и Арсенал во трка за потписот

July 21, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Симонс заминува од Лајпциг, Челси и Арсенал во трка за потписот

Младиот холандски бисер Чави Симонс го подготвува своето заминување од РБ Лајпциг, откако му ја соопштил на клубот желбата за нов предизвик надвор од Бундеслигата. Симонс, кој со блескави партии ја привлече вниманието на цела Европа, е на радарот на два лондонски гиганти – Челси и Арсенал, пренесува новинарот Флоријан Плетенберг. Двата клуба покажаа сериозен интерес уште пред неколку дена, а сега, кога играчот јавно ја изрази желбата да си замине, можно е трансферот да се забрза. Лајпциг го вреднува Симонс на околу 70 милиони евра – сума која не претставува проблем за клубовите од Премиер лигата, особено ако се земе предвид потенцијалот и младоста на фудбалерот. Се очекува во наредните денови да започнат конкретни разговори, а „битката за Симонс“ може да стане едно од поголемите трансфер-наддавања ова лето.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.