July 21, 2025 | | Свет
Манчестер Јунајтед се подготвува за сериозен финансиски удар откако менаџерот Рубен Аморим реши да исфрли неколку ѕвезди од тимот, наречени „бомбашки одред“ вреден 300 милиони фунти. Клубот во целост стои зад одлуките на новиот менаџер, и покрај тоа што неколку фудбалери ќе бидат продадени или отстапени за далеку помали суми од првично проценетите, пишува Telegraph. Маркус Рашфорд, кој пред две години вредеше 100 милиони фунти, е на чекор до едногодишна позајмица во Барселона. Каталонците ќе имаат можност да го откупат за 30 милиони евра следното лето – сума што може да изгледа како „подарок“ доколку блесне во Ла Лига. Излезна врата им се отвора и на Алехандро Гарначо, кој можеби ќе замине за околу 40 милиони (првично вреден 60-70). За него интерес покажуваат Тотенхем, Челси, Астон Вила и клубови од странство. Џејдон Санчо, кој најверојатно ќе замине на позајмица во Јувентус пред да му истече договорот во 2025. Антони, кој беше купен од Ајакс за 85.5 милиони фунти, но Јунајтед сега тешко ќе најде клуб што ќе плати 39 милиони. Бетис нуди нова позајмица. Тирел Маласија, кој не се очекува да донесе поголема сума, по разочарувачката епизода на позајмица во ПСВ. Досега, Јунајтед има инкасирано 20.7 милиони фунти преку пенали и клаузули, вклучително и 5 милиони што Челси ги плати за да не го откупи Санчо. Аморим веќе доби нови засилувања – Куња од Вулвс (62.5 милиони) и Брајан Мбеумо од Брентфорд (71 милион). Двајцата ќе летаат со тимот за Чикаго, каде Јунајтед ќе игра пријателски натпревари со Вест Хем, Борнмут и Евертон. Во план е и уште еден напаѓач, централен играч за врска, централен дефанзивец и резервен голман. На списокот за засилувања се: Николас Џексон (Челси), Бенјамин Шешко (Лајпциг), Моисе Кин (Фиорентина) и Доминик Калверт-Луин (слободен агент).
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |