July 21, 2025 | | Свет
Црвена Звезда доби спектакуларно засилување во нападот – Марко Арнаутовиќ официјално пристигна во Белград и веднаш беше дочекан како херој од илјадници навивачи на „Маракана“. Австриецот со српски корени конечно го оствари својот детски сон – да го носи црвено-белиот дрес. Пристигна од редовите на италијанскиот Интер, во еден од најнеочекуваните трансфери на Балканот во последните децении. Во дресот на „нероаѕурите“ одигра две сезони, постигна 14 голови и се закити со шампионската титула во Серија А во 2023 година. Со својот потпис, Арнаутовиќ стана најплатениот играч во историјата на српскиот фудбал, а во Звезда се очекува да биде главна напаѓачка закана, особено во настапите во Лигата на шампионите. Искусниот напаѓач веќе најави дека е подготвен да даде сè од себе за белградскиот гигант: „Ова не е само трансфер – ова е моја емоција и обврска. Подготвен сум за предизвикот.“
Фото: Srdjan Stevanović/STARSPORTView this post on Instagram
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |