Николов: Вечерва ќе навивам за ФЦСБ на дуелот против Шкендија

July 22, 2025 | Kristijan Trajchov | Македонија

Николов: Вечерва ќе навивам за ФЦСБ на дуелот против Шкендија

Најуспешниот фудбалски клуб во Македонија во последната деценија, Шкендија од Тетово, вечерва го игра првиот меч од второто квалификациско коло за Лигата на шампионите, на домашен терен против романскиот гигант ФЦСБ. Дуелот во Скопје се очекува со голем интерес, а пред него зборуваше и Бобан Николов – поранешен македонски репрезентативец и некогашен играч токму на ФЦСБ. За романските медиуми тој призна дека ќе навива за својот поранешен тим, иако Шкендија е претставник на неговата родна земја. „Шкендија е добра, но ФЦСБ е на повисоко ниво. Ако играат како минатата сезона, мислам дека сигурно ќе одат понатаму“, изјави Николов, кој додаде дека ќе биде на стадион да ги бодри Романците. Тој откри и дека не ја следи редовно Шкендија, бидејќи е навивач на Вардар, а за ФЦСБ го врзуваат многу спомени, пријателства и шестгодишна кариера. Тетово сè уште го нема својот стадион, па мечот се игра во Скопје, каде што се очекува Шкендија да има поддршка од околу 4.000 навивачи. Двете екипи влегуваат во натпреварот со амбиција за пласман понатаму, а нивната прва средба се очекува да биде динамична и исполнета со емоции – особено за оние што ги носат боите и на двете страни.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.