July 22, 2025 | | Свет
Раководството на Манчестер Јунајтед направило изненадувачки чекор во обидот да го засили голманскиот тим, понудувајќи позајмица за аргентинскиот репрезентативец Емилијано Мартинез, пренесува „Дејли Мејл“. Сепак, одговорот од Астон Вила бил брз и недвосмислен – негативен. Според британскиот весник, минатиот викенд се одржала нова рунда разговори меѓу двата клуба. Иако Рубен Аморим го има Мартинез високо на својата листа на желби, обидот да се ангажира само на позајмица бил оценет како несериозен од страна на Вила. Клубот од Бирмингем не е расположен да се откаже лесно од својот прв голман, а неофицијално се наведува дека за да го пуштат, ќе бараат сума од најмалку 40 милиони фунти.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |