Елмас пред нов предизвик: Нов италијански гигант заинтересиран, Лајпциг подготвен за разделба

July 22, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Елмас пред нов предизвик: Нов италијански гигант заинтересиран, Лајпциг подготвен за разделба

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас би можел да се врати во својата „омилена“ лига – Серија А. Според италијанските медиуми, римската Рома сериозно размислува да го донесе креативниот фудбалер во своите редови. По неуспешната авантура во Лајпциг, и клубот и Елмас се подготвени за разделба. Германскиот тим бара решение како да ја заврши соработката без тензии, а интересот од Италија доаѓа во вистински момент. Елмас блескаше во вториот дел од минатата сезона, кога повторно заигра за Торино и покажа дека квалитетот не му е избледен. Токму тие настапи, како и успешната епизода во Наполи, го вратија на радарот на големите италијански клубови. Во наредните денови се очекува да стане појасно дали Рома ќе поднесе официјална понуда и дали „волчицата“ е подготвена да ја исполни цената што ја бара Лајпциг за македонскиот фудбалски бисер.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.