Конте ги „топи“ играчите: Тренинзите на Наполи се вистински пекол (ВИДЕО)

July 22, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Конте ги „топи“ играчите: Тренинзите на Наполи се вистински пекол (ВИДЕО)

Фудбалерите на Наполи ова лето нема да имаат милост – барем не од новиот тренер Антонио Конте. Иако важи за еден од најдобрите италијански стратези, Конте е познат и по својата суровост на тренинзите, особено во подготовките. На социјалните мрежи се појави видео кое најдобро го отсликува интензитетот на неговите методи – Давид Нерес и Ноа Ланг, двајца играчи на Наполи, едвај се движат по скали по еден од тренинзите. Сцената е речиси комична, но во исто време покажува колку физички напорни се сесиите на Конте.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.