Ова ли е ВАР?! – Контроверзен признаен погодок на Звезда (ВИДЕО)

July 23, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Ова ли е ВАР?! – Контроверзен признаен погодок на Звезда (ВИДЕО)

ВАР технологијата треба да донесе повеќе регуларност во фудбалот, но во Гибралтар таа повторно предизвика полемики. Контроверзен момент го одбележа дуелот меѓу Линколн и Црвена Звезда во квалификациите за Лигата на шампионите, каде српскиот тим победи со 1-0 благодарение на голот на Португалецот Дуарте. Ситуацијата кај голот беше на граница на офсајд, но вистинската драма започна кога се појави ВАР-снимката. Линијата која требаше да ја покаже офсајд-позицијата изгледаше апсолутно погрешно – наместо да биде паралелна со линијата на шеснаесетникот, беше видливо накривена, оставајќи големи сомнежи за правилноста на одлуката. Фановите и медиумите жестоко реагираа, обвинувајќи за несериозно ракување со ВАР и доведувајќи ја во прашање целата регуларност на мечот.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.