Барселона добива 15 милиони за играчот кој ја имаше истата мака како Дани Олмо

July 23, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Барселона добива 15 милиони за играчот кој ја имаше истата мака како Дани Олмо

Младиот напаѓач на Барселона, Пау Виктор, е пред заминување од „Камп Ноу“. Каталонскиот клуб постигнал начелен договор со португалската Брага за трансфер вреден околу 15 милиони евра, пренесе The Athletic. Зделката ќе се состои од 12 милиони евра фиксен дел и дополнителни 3 милиони евра преку бонуси. Сепак, целата сума нема да заврши во касата на Барса – дури 30% од трансферот ќе припаѓаат на Жирона, клубот од кој Пау Виктор пристигна. 22-годишниот напаѓач минатата сезона имаше скромна минутажа, со помалку од 400 минути на теренот, а во јануари влезе во фокусот на јавноста кога, заедно со Дани Олмо, не доби регистрација за вториот дел од првенството. Со новиот тренер Ханси Флик, Виктор не е во плановите за наредната сезона, па Барселона ја прифати понудата на Брага како најдобро решение за младиот фудбалер да добие повеќе шанса за развој.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.