July 24, 2025 | | Свет
Марко Арнаутовиќ и официјално беше претставен како ново засилување на Црвена Звезда, но свечениот момент на „Рајко Митиќ“ прерасна во емотивна сцена кога австрискиот репрезентативец зборуваше за својот покоен пријател и ментор, Синиша Михајловиќ. По неколку новинарски прашања, едно од нив ја допре најчувствителната тема – неговиот однос со Михајловиќ. Арнаутовиќ го покри лицето со раце, се обиде да ги задржи солзите и едвај прошепоти: „Ма немој тоа…“ По кратка пауза, со треперлив глас додаде: „Ова е првото прашање што навистина е тешко. Тој ми беше брат, татко, ми беше сѐ. Му реков дека еден ден ќе дојдам овде.“ Арнаутовиќ откри дека секојдневно разговарал со Михајловиќ за Црвена Звезда и дека оваа одлука за него има длабоко лично значење. „Секој ден зборувавме за Звезда, повеќе за Звезда отколку за Болоња во тоа време. Разговарав и со неговите деца и сопруга – сите беа среќни, плачеа. Јас исплакав повеќе во овие три дена отколку во целиот мој живот.“ Претставувањето на Арнаутовиќ е голем момент за белградскиот клуб, но уште поголем за самиот фудбалер, кој пристигна со силна емоционална врска кон Звезда и споменот на својот ментор.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |