Гол на Роџерс Мато за предност на Вардар против Лозана (ВИДЕО)

July 24, 2025 | Kristijan Trajchov | Македонија

Гол на Роџерс Мато за предност на Вардар против Лозана (ВИДЕО)

Вардар ја отвори средбата против Лозана на најдобар можен начин – со водство од 1-0 на полувреме, благодарение на Роџерс Мато, кој погоди во судиското продолжение од првиот дел. Во 47. минута, Тодоровски упати силен удар од дистанца, голманот Летица успеа да ја одбие топката, но таа заврши точно на нозете на Мато. Африканскиот напаѓач реагираше смирено и со прецизен удар ја втисна топката под пречката, носејќи им големо водство на црвено-црните. Вардар со овој погодок има позитивна предност пред продолжението на мечот, а атмосферата на трибините дополнително се вжешти по голот на Мато.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.