July 25, 2025 | | Македонија
Лозана со пораз од 2-1 си замина од Скопје во првиот натпревар од второто квалификациско коло на Конференциската лига. Иако на хартија важеше за фаворит, швајцарскиот тим не успеа да го наметне својот стил против мотивираниот македонски освојувач на Купот. Тренерот Петер Цајдлер не криеше разочараност по натпреварот. „Мислам дека ние потфрливме, иако очекувавме еден ваков опасен Вардар и воопшто не не изненади нивното добро издание. Беше тежок натпревар за нас, од самиот почеток влеговме многу нервозно. Се обидовме и со тактички измени да ја смениме играта, но бевме лоши во одбраната. Сега ни останува во следната недела да ги корегираме сите недостатоци и да се поправиме за реваншот“, рече Цајдлер. Реваншот меѓу Лозана и Вардар ќе се игра во четврток (20:15 часот) во Швајцарија, каде што швајцарскиот тим ќе се обиде да го анулира минималниот резултатски дефицит.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 16, 2024 |