Барселона го осигура потписот на еден од најдобрите бекови!

July 25, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Барселона го осигура потписот на еден од најдобрите бекови!

Барселона постигна договор со францускиот дефанзивец Жил Кунде за продолжување на соработката до јуни 2030 година. Договорот, кој треба официјално да биде потпишан во наредните денови, доаѓа по согласност на агентите на играчот. Кунде пристигна во Барселона во јули 2022 година од Севилја и брзо стана еден од клучните играчи на тимот. Во кариерата тој настапуваше и за Бордо, а со каталонскиот клуб веќе освои титула во Ла Лига.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.