Пристигна големиот другар на Меси во Интер Мајами!

July 26, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Пристигна големиот другар на Меси во Интер Мајами!

Интер Мајами и официјално го потврди ангажманот на аргентинскиот репрезентативец Родриго Де Пол од Атлетико Мадрид. Де Пол, кој важи за најблискиот пријател на Лионел Меси во репрезентацијата, првично пристигнува на позајмица, со опција трансферот да стане перманентен до 2029 година. Со овој потег, Меси продолжува да ги собира своите најблиски другари во Мајами, по доведувањето на Серхио Бускетс, Жорди Алба и Луис Суарез.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.