Колумбиски стопер пристигна во Македонија ЃП

July 26, 2025 | Kristijan Trajchov | Македонија

Колумбиски стопер пристигна во Македонија ЃП

Македонија Ѓорче Петров го претстави своето најново засилување – колумбискиот дефанзивец Хозе Кабаркас. 25-годишниот стопер доаѓа од редовите на Депортиво Кали, а претходно играл и за Квиндио. За него ова ќе биде прв настап надвор од Колумбија. Кабаркас е седмото засилување на клубот ова лето, по Јовановиќ, Рамиќ, Јанков, Глишиќ, Талаков и Елмас, во пресрет на враќањето во Првата лига.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.