Ништо од враќањето на Феликс во клубот од детсвото, парите го предомислија

July 27, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Ништо од враќањето на Феликс во клубот од детсвото, парите го предомислија

Жоао Феликс беше на чекор до враќање во Бенфика, но плановите се сменија откако Ал Наср се вклучи во трката и му понуди услови кои не можеше да ги одбие. Според Фабрицио Романо, Португалецот веќе кажал „ДА“ на клубот од Саудиска Арабија и е на добар пат да му стане соиграч на својот сонародник Кристијано Роналдо. Се шпекулира дека трансферот ќе изнесува околу 40 милиони фунти (приближно 46 милиони евра), со што Челси ќе си ја врати инвестицијата од пред една година, иако Феликс се покажа како неуспешно засилување.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.