Њукасл бара сума која ќе го направи трансферот на Исак трет најскап во историјата!

July 27, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Њукасл бара сума која ќе го направи трансферот на Исак трет најскап во историјата!

Александар Исак доби огромна понуда од Ал-Хилал – 35 милиони евра плус бонуси од 16 милиони по сезона – но шведскиот напаѓач сака да ја продолжи кариерата во Ливерпул. Њукасл не планира да го пушти за помалку од 170 милиони евра, што би бил рекорден трансфер во Премие рлигата. Исак пристигна на „Сент Џејмс Парк“ во 2022 година за 70 милиони евра од Реал Сосиедад и досега има 52 настапи и 16 голови за шведската репрезентација. Ова значи дека трансферот би можел да стане трет најскап во историјата на фудбалот по оној на Нејмар во ПСЖ за 220 милиони евра и оној на Мбапе во ПСЖ за 180 милиони евра.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.