Реал Мадрид планира продажба на пет играчи – Родриго на излезна врата?

July 27, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Реал Мадрид планира продажба на пет играчи – Родриго на излезна врата?

Реал Мадрид до крајот на летниот преоден рок (1 септември) ќе се обиде да се ослободи од петмина фудбалери за да го сведе ростерот на дозволените 25 играчи за сезоната 2025/26, пренесува „АС“. Меѓу потенцијалните заминувања е и бразилскиот напаѓач Родриго, кој веќе неколку недели се поврзува со трансфер. За него сериозен интерес покажуваат Арсенал и Ливерпул. Покрај Родриго, „отпишани“ од Чаби Алонсо се и Ендрик, Давид Алаба, Дани Себалјос и Ферлан Менди. Со продажбите, клубот планира да го намали бројот на играчи и да отвори простор за младите засилувања кои пристигнаа ова лето.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.