July 28, 2025 | | Свет
Ливерпул се подготвува за голем потег на трансфер пазарот – клубот планира да поднесе „рекордна понуда“ за напаѓачот на Њукасл, Александер Исак, откако е речиси договорена продажбата на Луис Дијаз во Баерн Минхен за 65 милиони фунти (87 милиони долари). Со заминувањето на Дијаз, средствата ќе бидат реинвестирани во нов напаѓач, а Швеѓанецот Исак (25) е врвен приоритет за „црвените“. Според извештаите, тој ја одбил понудата од Ал-Хилал и е целосно фокусиран на трансфер во Мерсисајд. Познатиот новинар Фабрицио Романо тврди дека Ливерпул подготвува огромна понуда, но Бен Џејкобс додава дека клубот нема да понуди „слепо“, туку само ако добие сигнал дека Њукасл е подготвен за преговори. Во меѓувреме, веќе се знае дека Исак веќе побарал да си замине од „Сент Џејмс Парк“. Ова лето Ливерпул веќе потроши речиси 300 милиони фунти, вклучително го и доведувањето на Уго Екитике, но менаџерот Арне Слот инсистира на ново засилување во нападот. Со заминувањето на Дијаз и можниот трансфер на Дарвин Нуњез, Исак се гледа како клучно парче во напаѓачката реконструкција на тимот.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |