July 28, 2025 | | Свет
Војчех Шчесни кој минатата сезона ѝ помогна на Барселона да стигне до историска домашна тројна круна, изненадувачки призна дека не е љубител на офанзивниот стил на новиот тренер Ханзи Флик. 35-годишниот голман изјави дека системот не му одговара, бидејќи високата дефанзивна линија – предводена од играчи како Пау Кубарси и Ињиго Мартинез – бара многу трчање и го остава голот изложен. „Ова не е мојот фудбал. Она што го направи Барселона минатата сезона е неверојатно. За навивачите изгледа одлично, но тоа не е мој стил. Дури ни успесите не го менуваат моето гледиште за тоа каков фудбал сакам. Тимот мора да ги препознае ризиците и да не игра на ист начин цел натпревар“, изјави Шченсни за полскиот канал Foot Truck. Иако Барса ја освои Ла Лига, Купот на Кралот и Суперкупот, полскиот чувар на мрежата предупреди дека офанзивниот стил на Флик ја изложува екипата, посочувајќи го како пример тежок пораз од 7 примени голови во полуфиналето на Лигата на шампионите против Интер. „Јас сум голман. Кога водиме 4:0, а момците сакаат да дадат и петти гол заборавајќи на одбраната, тоа е фрустрирачки. Јас сакам и да ја сочувам мрежата недопрена. Но, тие сакаат да продолжат да играат за забава и за мене тоа е тешко.“ Шченсни нагласи дека ова не е остра критика, туку негово лично мислење.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |