Меси беше на концертот на Колдплеј, ама не со љубовницата (ВИДЕО)

July 28, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Меси беше на концертот на Колдплеј, ама не со љубовницата (ВИДЕО)

Најдобриот фудбалер на сите времиња, Лионел Меси, заедно со сопругата Антонела, беше меѓу публиката на легендарниот концерт на Колдплеј во Мајами – настан кој веднаш стана хит на социјалните мрежи. Двојката беше забележана во ВИП ложата, а камерите ги прикажаа на големиот екран како дел од популарната „Кис камера“. Додека публиката очекуваше бакнеж, Меси се насмевнуваше и мавташе кон фановите, додека Антонела дискретно се насмеа, без да реагира на „предизвикот“. Сцената предизвика вистинска еуфорија – публиката почна да скандира „Меси! Меси!“, а концертната атмосфера за момент прерасна во спортски спектакл. Водечкиот вокал на бендот, Крис Мартин, лично му се обрати на аргентинскиот ас од сцената. „Лео, мој прекрасен брате. Ти и твојата сопруга изгледате прекрасно. Ви благодариме што дојдовте. Спортист број еден на сите времиња“, изјави тој, добивајќи громогласен аплауз. Настапот на Колдплеј во Мајами веќе неколку недели е во центарот на вниманието поради виралниот скандал со бизнисменот Енди Бајрон, кој беше снимен со љубовница на концертот.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.