Лажни пријави од „Гвардиола“ и „Чави“ го насамарија Фудбалскиот сојуз на Индија

July 28, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Лажни пријави од „Гвардиола“ и „Чави“ го насамарија Фудбалскиот сојуз на Индија

Во необична и срамна ситуација за индискиот фудбал, Фудбалскиот сојуз на Индија (АИФФ) беше доведен во заблуда откако доби лажни пријави за селекторската позиција на нивната репрезентација – наводно од Пеп Гвардиола и Чави Ернандез. По оставката на Маноло Маркез, на конкурсот за нов селектор пристигнале 170 апликации, а меѓу нив особено внимание привлекле две: пријавите што изгледале како да се испратени од Гвардиола и Чави. Директорот на сојузот дури јавно изјави дека Чави е заинтересиран за позицијата и дека апликацијата била испратена од неговиот „официјален мејл“, но додаде дека таа не била разгледувана од „финансиски причини“. Сепак, вистината излезе на виделина – двете апликации биле лажни. „Фудбалскиот сојуз на Индија доби пријави од Чави Ернандез и Пеп Гвардиола, но во меѓувреме се покажа дека станува збор за лажни пријави,“ соопштија од АИФФ. Сега, вистинските фаворити за селекторската клупа се: Калид Јамил (поранешен индиски репрезентативец), Стивен Константин (поранешен селектор на Индија) и Стефан Тарковиќ (поранешен предводник на Словачка).

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.