July 29, 2025 | | Свет
Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас би можел да се пресели во Шпанија – Реал Сосиедад покажува сериозен интерес за негов ангажман. Клубот од Сан Себастијан е во потрага по нов играч за средниот ред, а Елмас е сè повисоко на нивната листа. Реал Сосиедад има добри односи со РБ Лајпциг, што може да биде клучно за реализацијата на трансферот. Според најавите, оваа недела може да следи официјална понуда. Елмас (24) минатата полусезона беше на позајмица во Торино, каде постигна 4 гола на 13 натпревари, но во Лајпциг нема добиено доволно шанса. Претходно со Наполи го освои Скудетото, а искуство стекна и во Фенербахче. Германскиот клуб нема ништо против продажба, но очекува да врати дел од сумата вложена при неговото доведување.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |