Белград на нозе: „Делии“ влегоа во жестока тепачка со полицијата! (ВИДЕО)

July 29, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Белград на нозе: „Делии“ влегоа во жестока тепачка со полицијата! (ВИДЕО)

Пред вечерашниот дуел на Црвена Звезда со Линколн во квалификациите за Лигата на шампионите, на улиците на Белград се случија жестоки судири меѓу навивачите на црвено-белите и полицијата. Според српските медиуми, пресметката започнала по вербален судир, односно дофрлување на навивачите кон полицијата за нејзината улога во неодамнешните протести низ Србија. Неофицијално, има и повредени лица, а дел од навивачите кои веќе биле на стадионот ја напуштиле северната трибина околу 45 минути пред почетокот на мечот за да се приклучат на случувањата надвор од арената.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.