July 31, 2025 | | Македонија
Македонскиот шампион Шкендија испиша нова страница во својата историја – елиминацијата на ФЦСБ значи дека тетовскиот клуб ќе игра европски фудбал најмалку до крајот на 2025 година и тоа во групната фаза на еден од европските купови. Со победата, Шкендија обезбеди пласман во третото квалификациско коло од Лигата на шампионите, каде ги очекува дуел со Карабах. Ако го поминат азербејџанскиот тим, ќе играат плејоф за пласман во групите од Лигата на шампионите. Доколку загубат, ќе играат плејоф за Лига Европа. Дури и во најлошото сценарио – пораз и во тој плејоф – Шкендија има загарантирано место во групната фаза на Конференциската лига. Ова значи дека клубот од Тетово ќе одигра минимум уште шест европски натпревари. Финансискиот ефект е огромен: дури и ако Шкендија ги загуби сите следни натпревари, ќе инкасира најмалку околу 5 милиони евра, а со евентуални нови успеси таа бројка може значително да порасне.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 16, 2024 |