July 31, 2025 | | Свет
Поранешниот капитен на Манчестер Јунајтед, Антонио Валенсија, направи херојски потег во родниот Еквадор, спречувајќи млад човек да изврши самоубиство. Инцидентот се случил во понеделник вечер, кога Валенсија минувал со автомобил преку мост и забележал млад човек кој се подготвувал да скокне. „Излегов од автомобилот и се обидов да разговарам со него. Тоа беше многу непријатно искуство. Му кажав неколку зборови и среќен сум што ме препозна“, напиша Валенсија на социјалните мрежи. За среќа, брзо пристигнале и членовите на семејството на младиот човек, кои помогнале ситуацијата да се смири. „Ве молам, грижете се за себе, за вашиот ум и срце. Менталното здравје е исклучително важно. Животот е многу чувствителен“, апелираше еквадорскиот ветеран. Валенсија, кој 10 години го носеше дресот на Јунајтед и важи за еден од најдобрите фудбалери во историјата на Еквадор, со овој гест доби огромни пофалби од јавноста.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |