Барселона даде 7, но и прими 3 гола од тимот на Џеси Лингард (ВИДЕО)

July 31, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Барселона даде 7, но и прими 3 гола од тимот на Џеси Лингард (ВИДЕО)

Барселона оствари убедлива победа на пријателски натпревар против корејскиот Сеул, славејќи со 3-7 (2-3). Домашниот тим одигра солидно прво полувреме и на пауза замина со само гол негатива, но во второто полувреме каталонците го вклучија турбото и не дозволија изненадување. Ламин Јамал постигна два гола, а по еднаш се запишаа Роберт Левандовски, Андрес Кристенсен и Гави, додека Феран Торес беше двоен стрелец. Барселона пред стартот на сезоната во Ла Лига (16 август, против Мајорка) ќе одигра уште два пријателски дуела – против Даегу и Комо.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.