Челси прави радикална чистка: 16 фудбалери на излезна врата

July 31, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Челси прави радикална чистка: 16 фудбалери на излезна врата

Челси подготвува голема реконструкција на составот под водство на новиот менаџер Енцо Мареска и планира да се ослободи од дури 16 играчи. На листата на отпишани се и Николас Џексон, Кристофер Нкунку и Рахим Стерлинг, а клубот е подготвен да се раздели и со: Веига, Дисаси, Сар, Бадијашил, Анселмино, Чилвел, Гилкрист, Угочукву, Чуквуемека, Дјузбери-Хол, Паез, Броја и Гуиу. Дел од овие фудбалери ќе добијат трајни трансфери, додека други ќе бидат испратени на позајмица. Во исто време, Челси работи на доведување на Јорел Хато и Чави Симонс, кои се главни летни цели.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.