July 31, 2025 | | Македонија
Вардар доживеа вистински кошмар во реваншот против Лозана – пораз од 5-0 и елиминација од квалификациите за Конференциската лига со вкупни 6-2. Момците на Гоце Седлоски делуваа немоќно, правеа многу грешки и не успеаја да го искористат капиталот од првиот меч во Скопје (2-1). Иако натпреварот започна охрабрувачки за „црвено-црните“, првиот шок дојде во 15. минута, кога Дусен со глава погоди за водство на Лозана. Вардар веднаш имаше тројна шанса преку Мато, Омерагиќ и Јанкулов, но без реализација – момент кој можеби го одреди текот на мечот. Во продолжение следеше целосна доминација на домаќините. Кали Сене со два гола (33’ и 45+2’) ја шокираше македонската одбрана и донесе високи 3-0 на полувреме. Во вториот дел, Ајдини (55’) и Траоре (84’) ја заокружија најубедливата европска победа на Лозана, додека Вардар во нападот беше безопасен – најдобрите шанси ги имаа Фаустин (58’) и Кастенада (76’), но без ефект. И покрај поддршката од Комитите и македонската дијаспора, Вардар не успеа да прикаже игра достојна за Европа. Овој тежок пораз е сериозна лекција за тимот – потребни се големи корекции и зајакнување на ростерот ако Вардар сака да биде конкурентен на меѓународната сцена. Фото: Спорт1
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 16, 2024 |