Ливерпул ги промовираше новите дресови, познати броевите на новите засилувања (ВИДЕО)

August 1, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Ливерпул ги промовираше новите дресови, познати броевите на новите засилувања (ВИДЕО)

Англискиот првак Ливерпул со големи амбиции влегува во новата сезона, каде што ќе има пеколно тежок предизвик – да го одбрани трофејот во Премиер лигата. Клубот од „Енфилд“ сериозно инвестираше во летниот трансфер прозорец и доведе засилувања какви одамна не се паметат. Меѓу новите имиња се германскиот бисер Флориан Вирц, францускиот напаѓач Хуго Екитике, како и бековите Милош Керкез и Џереми Фримпонг, додека меѓу стативите пристигна грузискиот репрезентативец Ѓорги Мамардашвили. Клубот денеска ги промовираше и новите дресови за сезоната 2025/26, а воедно ги соопшти и бројките на новите засилувања. Вирц ја доби престижната седмица, Екитике ќе го носи бројот 22, Фримпонг ќе игра со 30, Керкез со 6, а Мамардашвили ќе го брани голот со дрес број 25.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.